Поради флертувањето со усташите, на Томпсон му беше забранет настап во многу европски земји, што деновиве го објавија и странските медиуми, особено во Германија, Швајцарија и Франција, кои ги предупредија своите граѓани да не патуваат во Загреб овој викенд на концертот на „десничарската поп-ѕвезда“.Иако Штабот формиран за следење и обезбедување на овој концерт претходно изјави дека се продадени околу 450.000 билети, од кои 350.000 биле во Хрватска, менаџерот на Томпсон, Здравко Баришиќ, за Хина изјави дека на концертот имало 504.000 луѓе. Puls24