Народната правобранителка на Република Хрватска Тена Шимоновиќ Ајнвалтер реагираше на настаните околу концертот на Марко Перковиќ Томпсон одржан вчера на Загребскиот хиподром, предупредувајќи на загрижувачкото однесување на некои граѓани и недостатокот на јасна осуда на усташките симболи од страна на институциите и политичките функционери, пишува денеска Индекс.хр. Иако нагласува дека самиот концерт поминал без поголеми инциденти благодарение на организацијата и одговорноста на поголемиот дел од посетителите, Народната правобранителка предупредува на сериозен проблем – пеењето усташки песни и извикувањето на поздравот „За татковината, подготвени“, сред бел ден, во самиот центар на Загреб, еден ден пред концертот. Racin