Советот на ЕУ денеска ги усвои трите правни акти врз основа на кои Бугарија ќе може да го заемни левот со евро од 1 јануари 2026 година, со што практично заврши процесот за пристапување на земјата кон Еврозоната.
Пред гласањето, бугарската европратеничка Рада Лајкова во името на екстремно десничарската групата Европа на суверени нации (ЕСН) побара повлекување на Извештајот, со образложение дека известувачката по него припаѓа на владејачката партија во Бугарија – Граѓани на европски развој на Бугарија (ГЕРБ), со што, според неа, постои судир на интереси и е доведен во прашање интегритетот на документот, со што се поткопува и дигнитетот на Европскиот парламент.