Ниту денес, во 48-от обид, пратениците не успеаја да го конституираат Собранието на Косово, бидејќи ниту овојпат не беше формирана комисија за тајно гласање за претседател на Собранието.
Од 100 присутни пратеници, за формирање на комисијата гласаше 51 пратеник.
Пред гласањето, пратеникот од Демократската партија на Косово, Рашит Ќалај, побара збор, но претседавачот на Собранието, Авни Дехари, побара да ја напушти говорницата и на службата ѝ нареди да му го исклучи микрофонот. Kanal5
Истото се случи и со пратеникот од Демократскиот сојуз на Косово, Албан Зогај, и пратеничката од Алијансата за иднината на Косово, Тиме Кадријај.
Следното, 49-то, продолжение на конститутивната седница е закажано за в сабота, 19 јули. Nezavisen
Набавката ја потврди и Министерството за одбрана на Косово, кое објави дека безбедносните сили на Косово сега се опремени со повеќе оклопни возила од американско производство.
„Потврдуваме дека добивме неколку оклопни возила, произведени во САД, кои беа набавени во рамките на билатералниот план за купување меѓу државите, претходно одобрен“, се наведува во соопштението. Nezavisen
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Процесот на конституирање остана блокиран откако движењето Самоопределување ја предложи Аљбулена Хаџиу за претседател на собранието, иако нејзината кандидатура веќе неколку месеци не наидува на поддршка од другите парламентарни партии Конститутивната седница на собранието на Косово и денеска беше прекината по 47. пат.
Претседателот на Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), Љумир Абдиџику, најави дека денеска ќе ја достави одлуката на Врховниот суд на Косово, која утврди дека истовременото вршење на функциите пратеник и министер е незаконско, како доказ до Специјалното обвинителство на Косово.
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека ќе ја помилува 25-годишната девојка која во јануари со својот автомобил удри студентка што протестираше во Белград, . Вучиќ вели дека ќе ја аболира 25-годишната девојка која е осомничена за убиство во обид доколку за тоа се согласи нејзиното семејство.
Како што наведува ова собрание во соопштението, одлуката е донесена врз основа на Уставот на Република Србија, законот за локална самоуправа, статутот на градот Нови Сад и правото на граѓаните да се собираат и да ги изразуваат своите политички ставови, пишуваат српски медиуми.
Двегодишно дете и двајца возрасни беа повредени попладнево во инцидент во Зоолошката градина во Белград, кога зебра побегна од ограден простор.
Зебра попладнево избегала од Зоолошката градина во Белград.
Српскиот министер за финансии, Синиша Мали, денес информираше дека разговорите за покачување на најниската плата во Србија за идната година ќе отпочнат кон крајот на август или почетокот на септември.
Преговорите за зголемување на минималната плата во Србија за следната година ќе почнат кон крајот на август или почетокот на септември, објави денеска српскиот министер за финансии Синиша Мали.
Археолозите велат дека пронашле докази за најстарата човечка населба на европско езеро на албанската страна од Охридското Езеро, за која се верува дека е стара до 8.000 години.
Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,41 метри надморска височина, што е 17 сантиметри под просекот за јули (693,58). Температурата на водата е 23,5 степени Целзиусови, што е еднакво на просекот за овој период од годината.