Сепак, засега ќе ѝ бидат одбиени 108,5 милиони евра што требаше да ги добие како прв стимул за спроведување реформи што би ја зајакнале економијата, што е десет проценти од вкупниот износ од околу една милијарда евра на кои земјата може да смета.
Вкупниот фонд наменет за поддршка на Планот за раст за шесте земји од Западен Балкан е вреден шест милијарди евра. Kajgana
„Очекуваме документот да биде финализиран и испратен во Брисел следната недела.“ Во спротивно, ќе мора да размислиме за намалување на средствата за БиХ за 100 милиони евра“, рече Сореца.
Во официјално писмо, членката на Европската комисија задолжена за проширување, Марта Кос, потсетува дека Комисијата веќе на 18 јуни предупредила за потребата од поднесување на Агендата за реформи најдоцна до самитот на лидерите од Западен Балкан што се одржа на 1 јули во Скопјe. Fokus