Полупразни плажи, тераси од кафулиња и ресторани и повеќе од 50 проценти од достапните апартмани и соби во приватниот сместувачки капацитет потсетуваат на периодот за време на пандемијата, а мештаните на црногорското крајбрежје сè уште чекаат конечно да започне сезоната, иако јули веќе завршува.
И покрај слабиот одѕив на гости оваа година, цените, сепак, не паѓаат, а неодамна јавноста беше разбранета од веста за лежалките во Пржно, во близина на Свети Стефан, кои чинат 200 евра, иако на градските плажи просечната цена се движи од 15 до 120 евра, додека приватниот сместувачки капацитет се нуди по цени од 40, 90 евра и повеќе, во зависност од локацијата и капацитетот, пишува „Нова.рс“ во својот извештај.