Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека нема да потпише помилувања или каква било аболиција за кривичното гонење на оние, како што рече, кои учествуваа во насилства.
Студентите во блокадата го најавија протестот „Се гледаме на Видовден“, што ќе почне во 18:00 часот на плоштадот Славија во Белград и кој, во официјалниот дел, треба да трае до 21:00 часот.
„Земете ја слободата во свои раце, веруваме во вас, имате зелено светло“, порачаа студентите на официјалниот крај на протестот на белградскиот Плоштад Славија.
Српскиот претседател Александар Вучиќ очекува инциденти на протестот „Се гледаме на Видовден“ во Белград и тврди дека „насилството ќе почне помеѓу 20:45 и 21:45 часот“.