Во нацрт-извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Северна Македонија на европскиот пат, се изразува загриженост за проектот „Српски свет“, кој е опишан не само како кампања за економска доминација, туку и за промена на границите на Западен Балкан.
Во очи гласањето во Европскиот парламент за извештајот за напредокот на Северна Македонија, бугарската агенција БГНЕС, освен што објави дека трите најголеми политички групи во ЕП постигнале договор за отстранување на формулациите „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од документот, наведува и дека во нацрт-резолуцијата се изразува сериозна загриженост за наводното српско геополитичко влијание во регионот, вклучувајќи ја и Северна Македонија.