Добивај вести на Viber Поранешниот министер за надворешни работи и потписник на договорот од Преспа, Никола Димитров, се огласи со сугестија за решавање на проблемот со Бугарија и идентитетот и јазикот за кој деновиве се повеќе се зборува.„За македонскиот јазик, Преспанскиот договор е силно оружје, искористете го. Ме фрапира изедначувањето на нерешението на проблемот со Бугарија со решението на спорот со Грција.
Еден од потписниците на Преспанскиот договор, Никола Димитров, со кој се реши 27 годишниот спор со соседна Грција дава предлог и за решавање на проблемот со Бугарија за македонскиот јазик и идентитет.