Претседателката на Косово – Вјоса Османи, денес на Универзитетот Џон Хипкинс изјави дека, ако сакаат, американскиот претседател Доналд Трамп и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, би можеле да го овозможат членството на Косово во НАТО.
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, ги потврди тврдењата на Доналд Трамп дека неодамна го спречил конфликтот меѓу Србија и Косово, нагласувајќи дека не станува збор за настани од минатото, туку за моментална безбедносна закана.