Населението на Албанија е намалено за 18 проценти на крајот на 2024 година, споредено со бројот во 2011 година.
Во предметните периоди, кога се спроведени пописите на населението, во земјата бројот на населението се намалил за над 500 илјади жители, објави еуроњуз.ал (euronews.al). Според Европската статистичка агенција, Евростат, овој процентен пад е највисок во Европа, а по Албанија следува Бугарија, која изгубила 12,3 отсто од своето население во текот на изминатата деценија, па Македонија со 11,4 проценти.