Во однос на суштинскиот дел, ние од самиот старт кажавме три работи: Прво дека поврзувањето железнико со Бугарија, треба да е преку тунел, и тој мора заеднички да се изгради; Второ, дека Македонија мора да го заврши својот дел од работата, но и Бугарија да го заврши својот дел од работата, и Трето и можеби најважно, ние сакаме Скопје да се поврзе со Софија, а не со Крива Паланка, а од Софија и со Бургас и со Варна, со пристаништата на Црното Море, и за тоа да се случи Бугарија мора да ја модернизира својата железница, рече Николоски. Kurir