Добивај вести на Viber Не сакам да верувам дека навистина идентитетот може да се препознае низ ајварот, виното, пинџурот и слично, верувам дека изјавата на еврокомесарката Марта Кос е случајна или несреќна, изјави претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова во телевизиско гостување на Канал 5. Таа додаде дека имала прилика да биде во Словенија и дека идентитет не е ајвар, пинџур и слично, што се гледа и од основачките документи на Европската Унија во кои има јасни параметри.„Како некој кој докторирал во Словенија и ја чувствува како втора татковина, верувам дека е случајна или несреќна изјавата, не сакам да верувам дека навистина идентитетот може да се препознае низ ајварот, виното, пунџурот и слично, а некои од нив веќе се преземени од Словенија, ние веќе немаме ајвар, за жал имаме ајвер, што значи како интересна категорија е идентитетот“, вели претседателката. Faktor