Во рамки на работната посета на Париз, министерот за европски прашања на Македонија, Орхан Муртезани, оствари средба и со Емануел Пуизе-Жовен, генералниот секретар на Секретаријатот за европски работи (SGAE) – меѓуресорска служба под директна надлежност на премиерот на Франција, задолжена за координација и унапредување на единствената национална позиција на Франција во однос на Европската Унија, како и за мониторинг на транспозицијата на европското право во националното законодавство и синхронизација на политиките меѓу министерствата и европските институции. Republika
Во рамки на работната посета на Париз, министерот за европски прашања на Македонија, Орхан Муртезани, оствари средба и со Емануел Пуизе-Жовен, генералниот секретар на Секретаријатот за европски работи (SGAE) – меѓуресорска служба под директна надлежност на премиерот на Франција, задолжена за координација и унапредување на единствената национална позиција на Франција во однос на Европската Унија, како и за мониторинг на транспозицијата на европското право во националното законодавство и синхронизација на политиките меѓу министерствата и европските институции.
На средбата меѓу Муртезани и Жовен се разговараше за модалитетите за зајакнување на соработката меѓу МЕП и SGAE, преку изнаоѓање нови механизми и инструменти за поддршка на евроинтегративниот процес на Северна Македонија, како и за примената на најдобрите европски административни практики и искуства стекнати во рамки на францускиот модел на меѓуресорска координација, како своевиден пандан на координативната улога што Министерството за европски прашања ја има во земјата, во контекст на евроинтеграциите. Alfa
Министерство за европски прашања Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, на 7 и 8 јули 2025 година ќе оствари работна посета на Париз, во рамки на интензивирањето на билатералната соработка и продлабочувањето на партнерството со Франција во контекст на европската интеграција на Македонија.
Предвидени се средби со високи претставници на Владата на Француската Република, меѓу кои со министерот делегиран за Европа при француското МЕиНР – Бенжамен Хадад, со генералниот секретар за европски работи во Секретаријатот за европски работи (SGАE) – Емануел Пуизе-Жовен, со раководството на Expertise France и Француската агенција за развој (AFD), како и со претставници на реномираниот институт Жак Делор. Kurir
Муртезани истакна дека Северна Македонија веќе има воспоставено механизми за стратешка координација на европските прашања, но во наредната фаза од пристапните преговори ќе биде од исклучително значење да се обезбеди понатамошен трансфер на знаење, пристап до добри практики и техничка поддршка од партнерите како што е Франција.
Се разговараше и за досегашното искуство со програмата „Expertise France“ и долгогодишната поддршка во изградбата на институционални капацитети, како и улогата на обуките преку програмата „Formacion Administrative Superior“ (FASP) во развојот на човечки ресурси подготвени да одговорат на барањата на европското законодавство. Vestiplus
Во рамки на посетата, Муртезани оствари и средба со Лилијана Танги, пратеничка во Националното собрание на Франција и припадничка на француската парламентарна група за пријателство со Северна Македонија, при што беше истакната важноста на парламентарната поддршка за европската интеграција на земјата, како и потенцијалот за унапредување на билатералната соработка на парламентарно ниво.
На средбите со извршниот директор на „Експертиз Франс“, Жереми Пеле и директорот за Европа при Француската агенција за развој (AFD), Сирил Белје, беа разгледани можностите за натамошно унапредување на соработката преку мобилизирање на финансиски инструменти и грантови достапни преку AFD, PROPARKO и Expertise France, како и во согласност со билатералниот договор потпишан меѓу двете влади во 2021 година. Makfax
Муртезани и Жовен констатираа дека експертизата и методологијата што SGAE ја применува во доменот на усогласување и подготовка на национални позиции, може да претставува корисна референтна точка за македонските институции во периодот на скрининг и преговарање, особено во поглед на управувањето со сложени реформи и обезбедувањето на стабилност и конзистентност во националната политика кон Европската Унија.
Жовен ја презентираше улогата на Секретаријатот во процесот на формулирање и одбрана на француските интереси во рамките на Советот на Европската Унија, како и значењето на експертиза од линиските министерства за ефикасна имплементација на европските директиви. Alfa
Денеска во Париз, министерот Муртезани имаше состанок во Институтот „Жак Делор“, каде со Бенжамен Куто, истражувач специјализиран за европската политика за проширување со фокус на Западен Балкан и Турција, со Рене Трока – специјален пратеник за Западен Балкан и со Маргерит Коста де Боргар – раководителка на Одделот за Западен Балкан во Министерството за Европа и надворешни работи се разговараше за тековните геополитички предизвици, кредибилитетот на политиката на проширување на Унијата и потребата од зајакнување на европската перспектива на регионот преку поконзистентна поддршка и видливост на реформските процеси. Tocka
Муртезани и Жовен констатираа дека продлабочувањето на техничката и административната соработка останува стратешки предуслов за градење стабилна институционална основа и ефикасна подготвеност на Северна Македонија за претстојните европски предизвици.
Во рамки на работната посета на Француската Република, МЕП Муртезани ќе има дополнителни разговори со раководствата на Француската агенција за развој и Expertise France, со цел отворање на нови канали за финансиска и експертска поддршка на нашите реформски и евроинтегративни процеси. Alfa
Од страна на министерот Хадад беше повторена цврстата поддршка на Франција за европската перспектива на Македонија.
На средбата беа разгледани и натамошните чекори за продлабочување на стратешката рамка на соработка меѓу Македонија и Франција, особено преку промоција на нови можности за француски инвестиции во енергетиката, дигиталната трансформација и инфраструктурата, како и зајакнување на размената во сферата на образованието и културата. Kurir
Во таа смисла, тој нагласи: „Потребна ни е посветеноста на Франција за да постигнеме заеднички успех и решителен напредок кон консолидирањето на Европа во овие турбулентни геополитички времиња.“ Министрите се согласија дека зајакнувањето на политичкиот дијалог, економската размена и културната соработка остануваат приоритети за обете земји.
Беа истакнати и веќе постојните француски иницијативи, меѓу кои ангажманот на технички експерти во македонски институции, како конкретен придонес за унапредување на реформските процеси и ускогласување со европските стандарди. Republika