Во овој нов глобален свет, кадешто гледаме и поместување на глобалниот поредок, многу е тешко, за Европската Унија да биде кредибилен актер и во Северна Америка, и во Јужна Америка и во Азија, во Африка и на други полиња на меѓународно ниво, доколку во својот двор, а Западниот Балкан е најприродниот двор не успеат да бидат кредибилен актер којшто ќе ги придвижи процесите на членство во вистинска насока без децениско повторување на истите фрази дека моментот е сега, кој го слушмавме уште од Хавиер Солана пред 20 години, потенцира Милошоски.И денес, продолжи Милошоски, слушаме повторно дека моментот е сега, но не сме сигурни дали ЕУ има капацитет овој момент сега да го преточи во еден календар којшто ќе даде извесност дека земјите кандидати во следните три, шест или осум години ќе станат земји-членки на ЕУ, без да бидат попречувани на теми коишто немаат допирна точка со Копенхашите критериуми.-И ако навистина има таква желба во ЕУ да биде посилна и како актер во економијата и во дипломатијата, безбедноста, сметам дека зачленувањето на Македонија и на другите земји од Западен Балкан ќе ја направат ЕУ токму тоа, и посилна и покредибилна и самата за себе но и на меѓународно ниво, оцени Милошоски.