Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, на означувањето на почетокот на градежните работи посочи дека проектот ќе донесе нови извори на природен гас, стабилно стабдување, пониски цени за граѓаните, поголема конкурентност за компаниите и како што нагласи, силна порака – конечно стануваме дел од европската енергетска мрежа.
НОМАГАС – државната компанија која управува со националната гасоводна мрежа организира настан со кој ќе биде означен почетокот на изградбата на гасниот интерконектор со Грција Настанот ќе се одржи со почеток во 11:00 часот, во близина на Неготино, на локацијата каде започнува македонската делница од интерконекторот.