Целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар 14:37, јули 9, 2025 Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Скопје-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце.
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека вечерва е нормализиран сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце.
Министерството за внатрешни работи соопштува дека поради повторно активирање на пожарот кај Блаце, сообраќајот на патната оска граничниот премин Скопјe – Блаце е целосно прекинат во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце.„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон Полициската станица Блаце сè додека не се изгасне пожарот и не се нормализира сообраќајот, за што јавноста ќе биде навремено информирана“, додаваат од Министерството за внатрешни работи.