Полицијата во Кавадарци поднесе кривична пријава против 42-годишниот О.В. од Кавадарци поради извршени 11 кражби во период од три месеци.
„Имено, во периодот од септември 2024 година до јануари 2025, О.В., најчесто со употреба на сила и подесен алат, од викенд куќи , семејни домови, верски објекти и продажен објект, на подрачје на Кавадарци и Росоман одзел различни предмети. Skopjeinfo