Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случила вчера доцна попладне на регионалниот пат Дебар – Струга, каде што животот го загубил мотоциклист од Кичево.
Сообраќајката се случила помеѓу патничко моторно возило „пежо-406“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот скопјанец Б. Г., и мотоцикл „дукати“ со кичевски регистарски ознаки,, кој бил управуван од 33-годишниот Б. Р. Надлежните служби ја потврдија смртта на возачот на мотоциклот. Netpress