Завчера во 18.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на плац на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, А.Ј.(35) и Д.Ј.(65) од Скопје, кои што извршувале градежни работи, биле физички нападнати од А.С.(46) и Н.М.(50), исто така од Скопје.
Вчеравечер во 23.05 часот во Скопје на подрачјето на општина Аеродром полициски службеници од СВР Скопје го привеле Е.З.(52) од Скопје, а по претходна пријава дека околу 20.45 часот при семејна веселба се слушале истрели од огнено оружје.