На 13.07.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, под раководство на јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, по повеќемесечно криминалистичко истражување, спроведе координирана полициска операција во која е сузбиена шестчлена организирана криминална група, која подолг временски период била инволвирана во вршење на кривични дела од областа на криумчарење на мигранти на територија на Република Северна Македонија. Mk
Членовите на организираната криминална група во период од април до јули во повеќе наврати извршиле криумчарење на илегални мигранти Во координирана акција на полицијата и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по неколкумесечно истражување се уапсени шест лица кои биле членови на организирана криминална група која одреден временски период криумчареле мигранти на територијата на Македонија. Fokus