Сподели со своите пријателиКуќа и помошни порстории, како и сандаци за пчели и ниви со насади изгореле во пожар викендов во кумановското село Кокошиње.
На 28.06.2025 во 12.27 часот во СВР Куманово е пријавено дека околу 12.15 часот во с.Кокошиње, кумановско, настанал пожар на сува трева, а потоа од пожарот целосно опожарена била куќа и помошни простории, сопственост на Д.Т.(36), како и сандаци за пчели, сопственост на А.М.(28) и ниви со насади, сопственост на Л.С.(59). Од страна на Територијално противпожарната единица Куманово пожарот е изгаснат.