СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против 54 годишник од Битола, поранешен директор на јавното претпријатие „Стрежево“ во Битола поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно -приватно партнерство”, предвидено и казниво по чл.275 в ст.а, а во врска со чл.45 ст.1 „продолжено кривично дело” од КЗ. Пријавениот во временскиот период од 17.03.2023 до 29.05.2024, при изведување на работите за изградба на фотонапонска електрична централа со максимална инсталирана моќност од 500 кв, во близина на браната на акумулационото езеро Стрежево од хидро системот на ЈП „Стрежево“, лоцирана во село Црновец, битолско, кога изведувачот на проектот од Скопје не ги исполнил временските рокови за изградба на фотонапонската електрична централа по фази, пријавениот свесно ги повредил прописите и спротивно на чл.101 ст.6 т.4 од Законот за јавни набавки, иако бил должен, не ја активирал банкарската гаранција од 50.000 евра.
Секторот за внатрешни работи (СВР) Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Г. (54) од Битола, поранешен директор на јавното претпријатие „Стрежево“ во Битола поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно -приватно партнерство”, предвидено и казниво по чл.275 в став, а во врска со чл.45 ст.1 „продолжено кривично дело” од Кривичниот законик, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР). -Пријавениот во временскиот период од 17.03.2023 до 29.05.2024, при изведување на работите за изградба на фотонапонска електрична централа со максимална инсталирана моќност од 500 кв, во близина на браната на акумулационото езеро Стрежево од хидро системот на ЈП „Стрежево“, лоцирана во с.Црновец, битолско, кога изведувачот на проектот од Скопје не ги исполнил временските рокови за изградба на фотонапонската електрична централа по фази, пријавениот свесно ги повредил прописите и спротивно на чл.101 ст.6 т.4 од Законот за јавни набавки, иако бил должен, не ја активирал банкарската гаранција од 50.000 евра.