Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, оствари работна средба со делегација на Министерството за внатрешни работи на Литванија, предводена од министерот Владислав Кондратович.
На средбата фокусот беше ставен на унапредувањето на меѓусебната соработка и продлабочување на пријателските врски меѓу двете министерства и полиции во борбата против организираниот криминал, ситуацијата со илегалната миграција и соработката помеѓу центрите за обука на полициските службеници. Press24
Втора точка на којашто разговаравме, а ќе биде круцијална за понатамошниот развој за нашата соработка е потпишување на договор за полициска соработка којшто би се фокусирал на борбата против криминалот, организираниот криминал, корупцијата, илегалната миграција.
Третата тема на којашто разговаравме е соработка на центрите за обука во Македонија и Литванија во однос на професионализација на нашите полициски службеници, размена на знаења и искуства, истакнува Тошковски. Alfa
Македонија и Литванија денеска потпишаа протокол за реадмисија, а министерите за внатрешни работи на двете земји ја истакнаа одличната соработка на полето на безбедноста, како и големата поддршка од Литванија на европскиот пат на Македонија. Republika