Според информациите на МВР, несреќата се случила околу 19.30 часот кога во полиција било пријавено дека на пешачка патека во близина на ул.„Ленинова“ во Скопје, мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот Ј.Н.(68) од Скопје, по што мотоциклистот го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а со телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот Х.И.(26) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.🔴 УШТЕ ЕДНА ТРАГЕДИЈА ВО ЦЕНТАРОТ СКОПЈЕ: Излегол да фрли ѓубре, смртно го прегазиле пред прозорот на неговиот дом...Posted by Sloboden Pecat on Wednesday, July 2, 2025 Од здобиените повреди, Ј.Н. починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.