МИАКумановци утрово повторно реагираа на мирис на пластика и бараат надлежните органи да интервенираат и да ги фатат сторителите, информира РЦУК Куманово.– Од 112 утринава во 05:40 часот имаме поплака од граѓанин кај автобуска станица на Куманово на загаден воздух кој мириса на пластика и бара од надлежните да излезат на терен да ги најдат виновниците кои цело време палат пластика и го загадуваат воздухот во Куманово, велат од РЦУК.Граѓаните од месната заедница „Панче Пешев“ Куманово, одржаа состанок на кој разговараа со проблемите од речиси секојдневното палење на отпад, смет, шут, гуми на потегот над нивната урбана заедница од Спомен костурницата сè до влезот на населбата „Перо Чичо“.
Секторот за внатрешни работи Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против М.А. (37) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторила кривични дела „проневера во службата“ по чл.354, ст.3, во врска со ст.1 и во врска со чл.45 и „фалсификување или уништување деловни книги“ по чл. 280 ст.2 во врска со ст.1 во врска со чл.45 од КЗ и против Ј.А. (52) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „несовесно работење во службата“ по чл.353-в ст.1 од КЗ. М.А. како службено лице, вработена во јавно претпријатие Куманово, на работно место референт/благајник, во период од 09.11.2020 до 11.11.2024 во 410 наврати, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, континуирано присвоила вкупно 8.276.434 денари кои и биле доверени во службата, така што парите кои во готовина ги примала од наплатувачи-оператори од наплатни центри на јавното претпријатие наместо сите да ги евидентира и внесува во сметководствена документација и да ги уплати на трансакциска сметка во банка на јавното претпријатие, истата противправно дел од парите ги присвоила и задржала за себе, а во компјутерскиот систем изготвувала документи со преправање и менување-дуплирање на редни броеви и таквите документи, заедно со дел од дневните извештаи-спецификации за кои наменски изготвувала каса прими со дуплиран веќе постоечки број, за да не биде забележана, ги изнесувала од јавното претпријатие и ги уништувала, со што го оштетила јавното претпријатие за 8.276.434 денари.
По повеќемесечна предистражна постапка на Основното јавно обвинителство Скопје во соработка со Министерството за внатрешни работи, во која беа применети и посебни истражни мерки, денеска полициски екипи под раководство на јавен обвинител спроведуваат акција и претреси на повеќе локации во Скопје и во Куманово, во рамките на која запленето е поголемо количество амфетамин и уапсени се неколку лица.
Полицијата уапси кумановец кој бил затекнат како пали сува трева на улицата „Доне Божинов“, соопшти денеска МВР.-Вчера во 21.20 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ш.А. (56) од Куманово, затоа што на улицата „Доне Божинов“ во Куманово бил затекнат како пали сува трева.