Од Центарот за управување со кризи велат дека упатиле барање за воздухопловна поддршка до МВР бидејќи противпожарните екипи не биле во можност да интервенираат од копно Екипи на скопската противпожарна бригада интервенираат во гаснење на пожар на патот што води кон граничниот премин „Блаце“.
Министерството за внатрешни работи информира дека поради настанатиот пожар над магистралниот пат А4 Скопје – Блаце кај тунелот кој се проши над магистралниот пат, сообраќајот е пренасочен за патничките возила, а во прекин е за товарните моторни возила.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) упати барање за воздухопловна поддршка до МВР, по добиена пријава преку бројот за итни повици 112.
Фото: ЦУК, ДЗС Во гаснење на пожарот што избувна попладнево на патот кон граничниот премин Блаце интервенира хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, а сообраќајот на патот кон преминот се одвива наизменично – информираа од Центарот за управување со кризи и АМСМ.