Кривична пријава за двајца кавадарчани, набавиле амфетамин во Скопје, да го продаваат во Кавадарци 17:52, јули 7, 2025 ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против С.С.(39) и Т.А.(38), двајцата од Кавадарци, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ – по член 215 став 1 од КЗ на РСМ.
Полицијата поднесе кривична пријава за двајца кавадарчани, набавиле амфетамин во Скопје за да го продаваат во Кавадарци.