Поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце, информираат од МВР.
Министерство за внатрешни работи Денеска од 05.00 часот полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, со два хеликоптера на единицата за полициски намени бел 412 и агуста бел 212 се активни во гасењето на пожарот во реонот на Блаце.
Хеликоптер од Министерството за внатрешни работи веќе интервенира во гаснењето на пожарот кој избувна над магистралниот пат Скопје – Граничен премин Блаце, на потегот пред тунелот, на десната страна од коловозот.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) упати барање за воздухопловна поддршка до МВР, по добиена пријава преку бројот за итни повици 112.