Едно лице е најдено починато во близина на пожар во сeлото Лозаново, Кривопаланечко, соопшти МВР.
Во населбата Лозанови и село Градец, Крива Паланка, претпладнево избувнаа три шумски пожари кои поради силниот ветер се шират и приближуваат кон домовите на граѓаните.
Состојбата во Крива Паланка е алармантна, бидејќи пожарот беснее и се шири околу два часа, а државата се уште не испраќа помош.
Во директна опасност од огнената стихија се наоѓа населеното месо Лозаново и домовите на жителите, соопшти градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски.