На 09.07.2025 во 20.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид–Кичево, кај с.Оровник, општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од В.Б.(83) од Охрид и патничко возило „ауди“ со албански национални ознаки, управувано од А.М.(36) од с.Синичане, општина Боговиње. Mk
Со телесни повреди се здобиле возачот А.М. и неговиот сопатник Б.Б.(24) од Куманово, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
На местото на несреќата извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид. Ohridnews