Двајца повозрасни возачи, еден со возило, а друг со велосипед, се судриле во скопско Марино.
Вчера околу 10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„532“ и ул.„531“ во село Марино, скопско, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.В.(71) од село Бунарџик, скопско и велосипед управуван од Г.А.(76) од с.Марино, скопско. Skopjeinfo