Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, бара итно да се осудат насилниците кои ја нападнале градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска додека вршела увид на дивоградба во Чаир и бара да се поведе постапка против службениците на МВР кои, како што вели, не постапиле и не ги заштитиле претставниците на Градот.
Филипче ја осуди изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи кој го нарече Мицкоски „северномакедонски“ премиер, истакнувајќи дека такви изјави не се во духот на демократијата и добрососедството.
Вадењето на јазикот од извештајот не е закана за признавањето на јазикот од Унијата ниту за идентитетот, туку тоа е пораз на владината дипломатија, порача претседателот на СДМ Венко Филипче на денешната прес конференција по повод увојувањето на извештајот на Европскиот парламент без термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“.“Вадењето на јазикот од извештајот е пораз на владината дипломатија, која не успеа да подобри ништо од позициите кои ги наследи, туку како со булдожер ги сруши.
„Она што е прво и најважно да се каже е дека извештајот не е извештај за постоењето на македонската нација, македонскиот јазик или македонскиот идентитет.