Вчера во 10:30 часот на улица 18 Ноември во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле 61-годишниот А.М. од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека околу 10.00 часот на улица Панче Попоски во Гостивар, поради недоразбирање во сообраќајот, со остар предмет му нанел убодни рани на 26-годишниот М.Р од Чегране, гостиварско.
Патничко возило „опел“ со гостиварски ознаки вчера попладне излетало од коловозот на улицата Братство Единство во Гостивар, потврдија од СВР Тетово.