СВР Куманово поднел кривична пријава против В.Т. - поранешна директорка на средното училиште „Киро Бурназ“ од Куманиво, осомничена за кривично дело „злоупотреба на службената положаба и овластување“, против правно лице од Куманово за превоз на патници и сопственикот Д.П. од Куманово поради сомнеж за кривични дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ и „фалсификување или уништување деловни книги“, против В.Д., Д.Б., В.В., Ј.В., Д.Т. и Н.К., сите од Скопје, вработени во Министерството за образование и наука осомничени за кривично дело „злоупотреба на службена положба“, и против правно лице за книговодствени услуги и Б.С. – управителка на правното лице осомничена за „фалсификување или уништување деловни книги“. Kanal5