Скопската полиција информира дека малолетничка од Скопје од дома зела 25.000 евра за да им даде на соученици кои ѝ се заканувале.
Синоќа половина час после полноќ, во СВР Скопје, 52-годишник од Скопје пријавил дека неговата малолетна ќерка, ученичка во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, подолг период добивала закани од двајца соученици дека физички ќе го нападнат нејзиниот помал брат, кој е лице со здравствени проблеми, доколку не им даде пари.