СВР Куманово поднел кривична пријава против В.Т. - поранешна директорка на средното училиште „Киро Бурназ“ од Куманиво, осомничена за кривично дело „злоупотреба на службената положаба и овластување“, против правно лице од Куманово за превоз на патници и сопственикот Д.П. од Куманово поради сомнеж за кривични дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ и „фалсификување или уништување деловни книги“, против В.Д., Д.Б., В.В., Ј.В., Д.Т. и Н.К., сите од Скопје, вработени во Министерството за образование и наука осомничени за кривично дело „злоупотреба на службена положба“, и против правно лице за книговодствени услуги и Б.С. – управителка на правното лице осомничена за „фалсификување или уништување деловни книги“.
Директорка на средно училиште во Куманово, шест вработени во Министерството за образование и наука и две фирми од Куманово со нивните сопственици се сомничат дека го оштетиле буџетот за повеќе од 530.000 евра откако распишале два тендери за превоз на ученици во време кога училиштето се реконструирало и немало настава со физичко присуство, информираше Министерството за внатрешни работи.