Тој рече дека вработените во болницата при сведочење посочиле дека има поставено противпожарни уреди.
Адвокатот на обвинетиот Флорин Бесими во завршните зборови истакна дека како директор во договорот за менаџирање со установата немал задолжение да поставува противпожарни уреди и не се потпишал на записник за прием на модуларната болница. Skopjeinfo
Одбраната побара ослободителни пресуди, тврдејќи дека обвинетите немале директна надлежност за безбедносните аспекти на модуларниот објект, а болницата само го користела просторот.
Пресудата ќе биде изречена на 16 мај во 12 часот. Mk
Според Обвинителството, двајцата обвинети директори имале обврска да постават противпожарни апарат, а тоа не го направиле според пропишаните прописи.
Кон завршните зборови на Обвинителството се приклучија адвокати кои имаа полномоштво за застапување на семејствата на луѓето кои ги загубија животите во пожарот и повредните пациенти. A1on
Во Основниот суд во Тетово денеска се одржаа завршните зборови на Обвинителството, одбраната, обвинетите и правните застапници на оштетените семејства во рамки на повторниот судски процес во кој обвинети се двајца директори и тетовската болница во врска со пожарот во модуларната болница на 8 септемврри 2021 година при што животот го загубија 14 лица. Novamakedonija