27-годишниот С.Ј. од селото Студеничани го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа во 22:20 часот на регионалниот пат Драчево–Катланово, во атарот на селото Морани.
Како што информираат од СВР Скопје, патничко возило од марката „Фолксваген Бора“ со скопски регистарски таблички, управувано од загинатиот возач, излетало од коловозот и удрило во рефлектирачко столбче, патна ограда и бандера, која паднала врз автомобилот. Plusinfo