Двајца жители на Куманово се приведени откако синоќа, за време на полувремето од кошаркарски натпревар, се обиделе физички да нападнат играч од домашната екипа и да му го соблечат дресот.
„На 17.05.2025 во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода А.Ј. (36) и Д.С. (29), двајцата од Куманово“, информира Министерството за внатрешни работи. Zoom
Добивај вести на Viber МВР информира дека синоќа во 20 часот, полициски службеници од СВР – Куманово ги лишија од слобода А.Ј. и Д.С., на возраст од 36 и 29 години, двајцата кумановци.
Во полицискиот билтен, стои дека на полувремето на кошаркарскиот натпревар од кошаркарската супер лига помеѓу екипите на МКК Куманово од Куманово и МЗТ од Скопје во спортската сала на средното училиште „Перо Наков“, тие се обиделе да нападнат играч од домашната екипа и да му го соблечат дресот. Faktor