Млад Велешанец вчера попладне предизвикал хаос заканувајќи се со ножеви на малолетничка, нејзината мајка и на полицајците кои дошле на повик за помош, по што ѝ побегнал на полицијата.
На 13.06.2025 година околу 18.00 часот, во СВР Велес, Е.Х.(25) од Велес, пријави дека на улицата „Хаџи Косте“ во Велес, неговата малолетна ќерка била физички нападната од С.У.(23) од Велес, при што напаѓачот употребил и метален предмет, а откако неговата 27-годишна сопруга дошла на местото на настанот, тој и кон неа упатил закани.