„На 16.06.2025 околу 20:40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од локалниот пат с.Виштица-с. Никуштак и пат за с.Виштица, општина Липково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“ без регистарски таблички, управуван од Ф.С.(27) од с. Липково и патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 20-годишната А.Ј. од Скопје. Lokalno
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник С.М.(23) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово. Kurir