На 19.06.2025 во 22.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кружен тек од бул.„Туристичка“ со ул.„Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.С.(22) од с. Пашино Рувци, прилепско, со престој во Охрид, удрило во метален столб, а потоа и во пешаците А.Б.(44) од Охрид и Д.П.(52) од Скопје. Mk
На 20.06.2025 во 18.20 часот во СВР Охрид, 77-годишна жителка на Охрид пријавила дека околу 17.00 часот пред нејзиниот двор, соседот со тврд предмет упатувал закани на неа и на нејзината ќерка Се работи на расчистување на случајот.
На 20.06.2025 во 22.00 часот СВР Охрид, 40-годоќишен жител на Охрид пријавил дека околу 20.30 часот во неговиот авто-сервис на ул.„Бистрица“ бил физички нападнат од 45-годишен државјанин на Турција, со живеалиште во Охрид, на што тој возвратил. Ohridnews