На 26.06.2025 во 13.05 часот во Велес полициски службеници од СВР Штип и СВР Велес ги лишиле од слобода Д.К.(65) од Штип и 46-годишната Т.К. од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“.
На 25.06.2025 во 17.20 часот во СВР Штип 47-годишна жена пријавила дека од страна на едно лице и било понудено работа преку интернет, за што оштетената испратила свои лични податоци, кои подоцна биле злоупотребени и во нејзино име било аплицирано за брз кредит, па на нејзина сметка од финансиско друштво биле уплатени 40.000 денари. Press24