Во Пехчево вчера попладне се случил инцидент во објектот на Центарот за социјални работи, каде по претходна расправија била нарушена јавната безбедност со физичка пресметка помеѓу две лица.
Во Полициската станица Пехчево вчера попладне е пријавено дека во ходник од објект на Центарот за социјални работи во Пехчево, по претходна расправија поради недоразбирања во врска со нивната малолетна ќерка, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.Т.(27) од Гевгелија и В.П.Н.(23) од Пехчево, извести Министерствот за внатрешни работи.