Од почетокот на изминатата седмица (30.06.2025) заклучно со вчера, во рамки на континуираните сообраќајни контроли низ патиштата во земјава, дури 691 лице се санкционирани заради непоседување на возачка дозвола при управување возило, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, известија од полицијата.
Притоа, статистичките бројки покажуваат дека најголем број од овие прекршоци се евидентирани на подрачјата на секторите за внатрешни работи Битола (136) и Струмица (125), најмалку на подрачјата секторите за внатрешни работи Штип (35) и Охрид (43). Инаку, во рамки на посочениот период на подрачјето на СВР Скопје регистрирани се 72 вакви прекршочни санкции, СВР Тетово – 97, СВР Куманово -66, и СВР Велес со 54 прекршоци за непоседување на возачка дозвола.