Од страна на полициски службеници од СВР Битола, веднаш по добиената пријава биле преземани мерки и активности за пронаоѓање на лицето, при што во нива во с. Долно Српци е пронајдено возилото, а во нива во с. Вашарејца, општина Могила, е пронајден и сторителот за кој е утврдено дека е Г.П.. Полициските службеници му издале наредба да ја фрли пушката, но тој не постапил по наредбата туку ја вперил пушката наизменично кон двајца полициски службеници, по што тие предупредувачки истрелале неколку куршуми во воздух.