Детето од Ново Село кое беше врзано и тепано од страна на сопствениот татко е сместено во згрижувачко семејство, соопшти Обвинителството.
„За снимката со врзано дете во струмичко Ново Село, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против таткото на девојчето за кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 од Кривичниот законик“, соопштија од таму. Zoom