Од Центарот за управување со кризи известуваат дека денеска до 12:30 часот, има вкупно 9 пожари на отворен простор, од кои пет се активни и изгаснати се 4 пожари. општина Дојран: село Николич (нискостеблеста шума) општина Чучер Сандево: село Горњани (нискостеблеста шума) општина Велес 1: кај селата Џидимирци и Крушје (мешана шума) општина Македонски Брод: помеѓу с.Црешнево, с.Локвица, с. Крапа и с.Слатина (деградирана дабова шума,грмушки и ниска вегетација) општина Липково с. Отља (деградирана ниска вегетација). Општина Прилеп: населба Три Багреми (ниска вегетација) Општина Виница с. Драгобрашта ( деградирана ниска вегетација) Општина Демир Капиија с. Војшанци (деградирана ниска вегетација) Општина Струга с. Франгово (запалено стрниште). Skopjeinfo