Спасувачки тим предводен од раководителот Петар Нолев врши евакуација на повреден планинар кој утрово се повредил на локацијата „Кај камењарот“ на планината Баба, под врвот Пелистер.
Евакуацијата на македонскиот планинар се врши откако е активиран тимот за заштита на планини на Дирекцијата за заштита и спасување, а вклучени се Центарот за управување со кризи, Министерството за внатрешни работи и други субјекти. Kanal5
Екипи на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и на Министерството за внатрешни работи (МВР) преземаат заедничка акција за извлекување на планинар кој утрово при совладување на тежок терен на планината Пелистер ја скршил ногата и не моѓе да се движи. Denesen
За епилогот на акцијата попладнево преку објава на својот фејсбук-профил информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој напиша дека во неа од страна МВР учестувале тројца припадници на Одделот за воздухопловни единици и четворица припадици на специјалната антитерористичка единица „Тигар“.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, првично информираше за повредениот планинар на Пелистер и мерките што се преземаат за негово безбедно извлекување од непристапниот терен. Telma